Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на Републиката, поточно во Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Актуелно
- Ќе нема струја до 15:30 – ЕВН најави неколку исклучувања
- Хаос во Советот на Град Скопје: Именувани 117 членови во управни одбори без доставени биографии
- Денеска е Свети Антониј Велики
- ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на ССМ на чело со Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години
- СДСМ: Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи
- Камионџиите од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадата – ќе чекаат да дојде 3 февруари
- Драма во Струмица: Претседател на ловечко друштво присвоил над 20.000 евра од сметката на ловечкото друштво
- Возете внимателно: Густа магла на автопатот Тетово – Гостивар, одрон го прекина патот кај Берово

