Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини.
Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат дел од жителите на улица „Македонско Косовска Бригада“ (спрема подвозникот кај Визбегово), како и дел од корисниците од улица „Индира Ганди“, лоцирани покрај пругата кај подвозникот во општина Шуто Оризари.
Во општина Карпош, во периодот од 09.00 до 15.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Фјодор Достоевски“.

