Денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање, соопштија од МВР.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имено претходно неофицијално објавивме грозоморен настан во кој наводно е силувано и убиено женско лице. Иако шпекулациите за „обезглавено тело“ сè уште немаат официјален печат од истражните органи, состојбата на лешот во фаза на распаѓање дополнително го зголемува сомнежот кај локалното население. Полицијата од Кочани веќе ги врши првичните истражни дејствија на теренот.

Exit mobile version