Земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 06.1.2023 година, регистрира земјотрес чии епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 16 часот и 51 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

06.01.2023 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега