Зеленски: Време е НАТО да и’ понуди членство на Украина

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека е време воената алијанса да му понуди членство на Киев, пренесува „Ројтерс“.

Зеленски оцени дека самитот на Алијансата во јули во Вилнус може да биде „историски“ и изјави дека е поканет да присуствува.

„Благодарам за поканата за посета на самитот, но исто така е важно Украина да добие соодветна покана. Не постои објективна бариера за политичка одлука да се покани Украина во Алијансата и сега, кога мнозинството луѓе во земјите-членки и мнозинството Украинци го поддржуваат влезот во НАТО, време е за соодветни одлуки“, рече Зеленски.

20.04.2023 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега