Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека до денеска во земјата се вратени 2.000 украински деца кои Русија ги држела во заробеништво.

„Секое од овие враќања е овозможено благодарение на секојдневните напори на нашиот народ, организациите на граѓанското општество и нашите меѓународни партнери. Благодарни сме им на сите кои придонесоа во оваа борба за иднината на нашите деца, нашата земја и целиот слободен свет“, напиша денеска Зеленски на X.

Претседателот на Украина додаде дека патот до враќањето на сите деца е долг и тежок.

„Илјадници украински деца и понатаму се во заробеништво на Русија и секојдневно стануваат жртви на нејзините злосторства“, додаде Зеленски.

Exit mobile version