Зеленски: Украина нема да ги размени своите територии за мир

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае ништо за какви било тајни договори за принудување на Украина да размени територија за мир и инсистира дека Русите мора да бидат повикани на одговорност.

„Не знам за какви договори некаде се разговара, за каква размена на наши територии. Имаме еден документ – формулата за мир. Имаме една желба – мир. Го формулиравме како што го гледаме. Подготвени сме за отворена дискусија со нашите колеги, за светот да биде на иста страна – на страната на праведен мир со целосно обновување на територијалниот интегритет на Украина“, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Укринформ.

Тој рече дека соборувањето на малезискиот авион МХ17, како и масакрите во Буча и Мариупол, не можат да се заборават само затоа што поминало времето.

„Во Русија веројатно размислуваат вака: ќе ги заборават овие работи и некако ќе се договориме. Ова е прашање на правда. Нема да дојдеме до никакви договори само така. Некој мора да одговара, а ние ги знаеме имињата на тие луѓе“, рече претседателот на Украина.

21.08.2023 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега