Муцунски се сретна со јапонскиот министер Фуџии во Токио
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, соопштија од МНР.
Во рамки на работната посета на Јапонија, делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии. На средбата беше потенциран континуитетот на одличните билатерални односи и политичкиот дијалог, граден во изминатите 30 години, кои се темелат на заемна почит и пријателство меѓу двете држави и народи. Соговорниците се согласија дека во претстојниот период акцентот ќе биде ставен на унапредување на билатералната и економската соработка. Исто така, беа разменети мислења за продолжување на успешната мултилатерална соработка преку взаемна поддршка на иницијативи и координација во однос на регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес, истакнуваат од МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа