Приведени двајца неготинци, со аудио снимки се заканувале на сограѓанин
Лишени од слобода двајца неготинци, сограѓанин пријавил дека му се заканувале преку аудио снимки и социјални мрежи, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, ги лишиле од слобода И.Д.(27) и И.Д.(27), двајцата од Неготино, по претходна пријава од Б.Д.(32) од Неготино, дека подолго време му се заканувале преку аудио снимки и социјални мрежи. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
03.05.2025 - 12:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа