Зеленски: Преговори со Русија само со гаранции од Трамп
„Единственото прашање е какви ќе бидат безбедносните гаранции и искрено сакам да имаме разбирање пред разговорите. Ако тој (Трамп) може да ја гарантира оваа силна и неповратна безбедност за Украина, ние ќе тргнеме по овој дипломатски пат“.
Вака изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Блумберг во средата. Тој вели дека сака да издејствува Трамп да се обврзе дека ќе ја брани Украина пред да седне со Русија на преговарачка маса.
Додека Зеленски вели дека можеби би преговарал, според украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, останува на сила указот со кој Зеленски во есента 2022 година со кој се забрануваат од какви било преговори со Путин, откако Русија ги припои окупираните украински области Доњецк и Луганск, заедно со Херсон и Запорожје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа