Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на руска територија во моментов се наоѓаат над 8.000 севернокорејски војници, додека во тек се подготовки за распоредување на дополнителни 10.000 припадници на севернокорејската армија.
Повикувајќи се на разузнавачки податоци, тој истакна дека во тек е и „избирање на војници за обука и испраќање во Русија“.
Зеленски уште во август најави дека Пјонгјанг би можел да испрати до 50.000 војници во Русија и ја повика Јужна Кореја да ја поддржи украинската противвоздушна одбрана. Претходно, Сеул најави пакет помош за Украина во вредност од 100 милиони долари, исклучувајќи го испраќањето смртоносно оружје.
Според украинските и јужнокорејските процени, од почетокот на 2024 година, Северна Кореја испратила помеѓу 14.000 и 15.000 војници како поддршка за руската страна, најчесто во регионот Курск. Разузнавачките податоци покажуваат и дека Пјонгјанг ја снабдил Москва со милиони артилериски и минофрлачки гранати, балистички ракети и ракетни системи со голем дострел.


