Претседателот на Украина Володимир Зеленски е подготвен на лична средба со рускиот претседател Владимир Путин за да се решат двете најважни прашања во рамки на мировните преговори – за териториите и за контролата врз нуклеарната централа во Запорожје, изјави во интервју за „Европска правда“ украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, пренесува УНИАН.

Тој рече дека во рамките на мировниот процес и понатаму остануваат нерешени два најчувствителни аспекти: прашањето за териториите и идната контрола врз нуклеарната централа во Запорожје.

Exit mobile version