| Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека македонските граѓани треба да ја знаат вистината, затоа што СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата, а сега мудруваат, односно дека заради нивните долгови, оваа влада треба следните 3 години да врати претходни долгови во вредности од еден државен буџет од околу 6 милијарди евра.Премиерот Мицкоски потенцираше дека само оваа година треба да вратиме 2 милијарди и 300 милиони евра, стари задолжувања, претходни долгови, а покрај тоа поради катастрофалното работење на минатата влада стигаат и други неочекувани долгови како што е данокот на луксуз кој минатата влада го донесе противуставно и истиот Уставен го поништи и сега оваа влада треба да го враќа .„Следната година треба да вратиме околу 1 милијарда и 600 милиони евра со се каматите кои треба да се платат за претходни задолжувања, годината потоа 2 милијарди и 600 милиони евра. Во следниве три години ние треба да вратиме отприлика еден буџет. Немаме бафер повеќе во буџетот ние. Јамката тие кои што и ја врзаа на Македонија и на македонските граѓани, најмалку имаат право сега денес да го прават повторно ова да ги тормозат кога конечно се консолидираме и си ги сервисираме обврските, а од друга страна генерираме раст. Ова е реалноста“, рече премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека и во ред е тоа што опозицијата излегува и критикува, но треба да се знае реалноста дека седум години ја празнеа државната каса, го пљачкаа народот, ја предаваа државата по сите основи, додека оваа влада ја доби довербата и го дава максимумот за македонските граѓани. „Македонија и македонската економија имаат најниски давачки во Европа. Имавме притисок да го зголемиме ДДВ од страна на меѓународни финансиски институции, не го направивме тоа, имавме притисок да ги зголемиме и другите даноци како што е данок на добивка да биде скалест, да не биде рамен, не го направивме тоа, од трета страна имавме притисок и да ја зголемиме возраста за пензионирање, не го направивме тоа. Ние како влада направивме се да го поддржиме бизнисот за да отвори нови работни места и тоа се случува. Кога ќе ги споредите ноември 2024 година и ноември 2025 година ќе видиме дека имате отворени нови 10 илјади работни места и токму толку има помалку невработени во државата“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски посочи дека владината политика вроди со резултати и имаме економски раст и се очекува годината да ја завршиме со 3,5% раст, појаснувајќи дека 3,5%, 3,8% евентуално 4% е максимумот со овој капацитет на работна сила и македонската економија, затоа што во услови на војна во Украина и европскиот пазар е во криза, се вади повеќе од максимум. |
Актуелно
- Ѓорѓиевски прошета крај Вардар со министерот Ристовски: Кејот од утре ќе добие нов лик
- Зеленски е подготвен за средба со Путин
- МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
- Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери
- Мицкоски: СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од еден државен буџет од 6 милијарди евра
- Мицкоски: Протестот на Синдикатите има политичка позадина
- Мицкоски: Ако треба да падне Владата поради Сејф сити – подготвен сум на тоа
- Сиљановска-Давкова: Пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било

