Полициските билтени во Скопје и Куманово бележат црна сабота со три смртни случаи кај кои била потребна интервенција на обвинителство и обдукција. Во текот на вчерашниот ден, екипите на Итната медицинска помош пронашле починати лица во нивните домови и дворови.
Во Скопје, првиот случај бил пријавен во Центар, каде во семеен дом бил пронајден 64-годишниот Д.В., додека помалку од еден час подоцна, во друг дел на градот, во двор од куќа била пронајдена и 84-годишна жена со исти иницијали (Д.В.).
Трагична вест дојде и од Куманово, каде на улицата „Средорек“ е пронајдена почината 50-годишна жена. За сите три случаи, по наредба на јавните обвинители, телата се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје за да се утврдат точните причини за смртта.


