Изминатото деноноќие во главниот град помина во знак на серија брутални инциденти. Најтешкиот напад е забележан во Визбегово, каде група соседи насилно упаднале во куќата на 57-годишниот Н.Б., го претепале со пиштол по главата и го турнале неговиот малолетен син.
Сличен хорор се случил и во Гази Баба, каде 44-годишниот Т.М. бил крвнички претепан со кундак од пиштол од страна на лицето И.„Н“. Полицијата интервенирала и при напад врз службено лице, каде 42-годишниот Д.М. бил приведен откако физички нападнал полицаец на должност.


