Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик!

Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршивме обиколка на кејот на реката Вардар, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалната мрежа ФБ.

Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.

Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.

Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата.

Спортот е темел на здраво општество.

Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики.

Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје.

Ова е само почеток. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни

спортски терени во сите општини на град Скопје.

Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

Огромна благодарност до министерот Борко Ристовски за силната поддршка!

Скопје се движи напред.

Скопје спортува.

Скопје вложува во својата иднина.

Најдоброто, доаѓа!, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Exit mobile version