Главниот град на Иран, Техеран, денеска беше преплавен од илјадници граѓани кои излегоа на улиците за да дадат поддршка на воените сили по најновите ракетни напади врз регионалните цели. Видеоснимките кои се шират по социјалните мрежи и медиумите прикажуваат огромни колони народ кои маршираат низ централните булевари со национални знамиња и транспаренти.
Атмосферата во иранската престолнина е наелектризирана, а собирите се организирани како чин на национално единство во време кога тензиите со Саудиска Арабија и западните сојузници го достигнаа врвот. Граѓаните ги „испратија“ своите војници и стратешките одлуки на државниот врв со извици за одбрана на суверенитетот и отпор кон надворешните притисоци.
Според извештаите од теренот, вакви масовни собири не се забележани одамна, а државната телевизија во живо пренесуваше изјави од учесниците кои порачаа:
„Не се плашиме од заканите. Денеска сме овде за да покажеме дека целиот ирански народ стои зад својата армија. Непријателите мора да знаат дека секој напад врз нашата земја ќе наиде на ваков одговор и уште поголемо единство.“
Додека светот стравува од понатамошна ескалација, Техеран испраќа порака на непокор и подготвеност за долготраен конфликт.


