Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија
    • Милатовиќ во ОН: Црна Гора има историска одговорност да го заврши европскиот пат до 2028 година
    • ВИДЕО: Стаорци снимени покрај детско игралиште во Кисела Вода
    • Стефковски: Ноќе работиме за преку ден да има помалку гужва
    • Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп
    • Крвав напад со балистички ракети врз Киев: Загинаа две лица, повредени се медицински лица
    • Сали: Новата стратегија на ЕУ може да го забрза евроинтегративниот процес
    • Голем пожар во индустриската зона кај Риека: Издадени итни предупредувања за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Зелено светло“ за граничниот премин „Клепало“ – Бугарските институции ја одобрија изградбата

    „Зелено светло“ за граничниот премин „Клепало“ – Бугарските институции ја одобрија изградбата

    23.04.2026 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проектот за отворање на новиот граничен премин „Струмјани – Берово“, познат како „Клепало“, влегува во сериозна фаза на реализација. Како што пренесува БНР, во Министерството за животна средина и водни ресурси на Бугарија се потпишани потребните еколошки процедури, со што се отвора патот за почеток на изградбата на инфраструктурата.

    Градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев, истакна дека изработката на извештаите за влијанието врз животната средина е завршена побрзо од очекуваното. Покрај тоа, веќе е одобрена и осумкилометарската траса до границата, при што е избрана поеколошка и пократка опција.

    „Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во однос на царината и граничната контрола“, изјави градоначалникот Илиев, додавајќи дека очекува преминот да биде оперативен до крајот на 2029 година.

    Од македонска страна, активностите се веќе во тек. Царинската управа на Северна Македонија уште во октомври 2024 година го започна проектот за воспоставување на преминот. Инвестицијата вреди 3,7 милиони евра, од кои 3,1 милиони евра се грант од ИПА 3 Програмата на ЕУ, а остатокот е национално ко-финансирање. Вкупните трошоци за бугарската страна изнесуваат 5,5 милиони евра.

    Отворањето на „Клепало“ се очекува да го ревитализира економскиот живот во Малешевскиот крај, да го зголеми туристичкиот потенцијал и значително да го олесни движењето на луѓе и стоки меѓу двете соседни држави.

    Прочитај повеќе

    Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија

    24.09.2026 во 10:35

    ВИДЕО: Стаорци снимени покрај детско игралиште во Кисела Вода

    24.09.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.