Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување на неколку скопски улици
    • 100 нови амбулантни возила за здравството – Мицкоски на промоцијата
    • Собранието расправа: Се прецизираат условите за приватизација на државното градежно земјиште
    • Ќе нема струја 6 ипол часа – Најавени исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Сончево и топло ама среќата нема долго да трае – УХМР најавува драстична промена на времето
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зелен Хуман Град: Локалните избори се јасен сигнал за граѓански протест

    Зелен Хуман Град: Локалните избори се јасен сигнал за граѓански протест

    03.11.2025 во 17:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По завршувањето на локалните избори, граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град ги оцени резултатите како јасен знак дека граѓаните се разочарани од актуелните политичари.

    „Граѓаните ни порачаа дека корупцијата, празните ветувања и националистичките наративи повеќе не се прифатливи,“ велат од иницијативата. „Овие резултати не се апатија – тие се ПРОТЕСТ.“

    Зелен Хуман Град посочува дека во првиот круг на изборите излезноста паднала под 50%, а во четири општини не бил достигнат цензусот, па гласањето за градоначалник ќе се повтори. Рекордни речиси 54.000 гласа беа неважечки за градоначалници и над 50.000 за членови на советите. Во вториот круг излезноста беше уште пониска – само 40%, а во Скопје едвај 35% од граѓаните гласале за градоначалник.

    „Многу граѓани се разочарани од постоечките политички опции и сметаат дека не постои политичка сила која го заслужува нивниот глас,“ изјавуваат од Зелен Хуман Град. „Но, вистинската промена не доаѓа од оние што го создале системот, туку од луѓето кои имаат храброст да се спротивстават.“

    Иницијативата ги повикува сите незадоволни граѓани да им се придружат: „Дајте го својот потпис за да формираме партија со која заеднички ќе се бориме за похумано и позелено општество. Политиката може да биде чесна и посветена на јавниот интерес – но само ако ја водат луѓе кои тоа веќе го покажале со своето волонтерство и труд за општото добро.“

    Прочитај повеќе

    Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување на неколку скопски улици

    20.10.2026 во 08:09

    100 нови амбулантни возила за здравството – Мицкоски на промоцијата

    20.10.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.