Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе нема струја 6 ипол часа – Најавени исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Сончево и топло ама среќата нема долго да трае – УХМР најавува драстична промена на времето
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе нема струја 6 ипол часа – Најавени исклучувања во повеќе делови на Скопје

    Ќе нема струја 6 ипол часа – Најавени исклучувања во повеќе делови на Скопје

    20.10.2026 во 08:052 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дел од жителите на општините Гази Баба и Илинден денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа.

    Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известувањето од „ЕВН Македонија“ АД, прекините ќе се одвиваат во неколку термини во текот на денот.

    Во општина Гази Баба, од 8:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Палмиро Тољати“ во населбата Синѓелиќ, поради интервенции во трансформаторската станица „Синѓелиќ 2“.

    Дополнителни прекини се најавени и на улицата „Среќко Пужалка“. Поради реконструкција на нисконапонската мрежа, од 8:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од броевите 50 до 60, додека од 12:00 до 14:00 часот прекин ќе има за корисниците од броевите 30 до 35а.

    Во општина Илинден, прекини во снабдувањето се најавени во населбата Јака/Марино. Од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „2“, „3“ и „406“.

    Исто така, од 9:30 до 13:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за жителите на улиците „510“ и „526“ во селото Марино.

    Од РЦУК – Скопје информираат и дека од ЈП „Водовод и канализација“ нема добиено најава за планирани прекини во водоснабдувањето за утрешниот ден.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Сончево и топло ама среќата нема долго да трае – УХМР најавува драстична промена на времето

    20.10.2026 во 08:01

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.