Здравство: Викендот биле помалку лица тестирани и заболени од коронавирус

Викендот како и минатите саботи и недели бројот на тестирани и заболени од коронавирусот значително намален под 10 проценти на позитивни од Ковид-19 од тестираните. Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина.

За разлика од работните денови кога процентот на заболени од коронавирусот се движи над 10 до 15 отсто од тестираните, во неделата на изборниот ден, регистрирани се 107 позитивни на SARS CoV-2 од 1667 тестирани, односно 6,4 проценти.

Министерството за здравство во вчерашниот извештај регистрира и 247 оздравени пациенти, а пријавени се 19 починати лица или вкупно од почетокот на пандемијата 6.964 починати од коронавирусот.

Од починатите, 12 се од Скопје, на возраст 86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г, две починати лица од Куманово 71г и 42г и по едно починато лице од Богданци 70г, Велес 73г, Гевгелија 69г, Кичево 69г и Македонска Каменица 87г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.  Дополнително, согласно Регистарот, умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, од Министерството соопштија дека пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 16 септември 2021 до 4 октомври 2021 година. Од нив двајца починати се од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
 
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови на активни случаи на коронавирусот е следна:  Скопје – 3447, Куманово – 550, Велес – 315, Охрид – 227, Прилеп – 214, Штип и Струмица – 193 , Битола – 191…
 
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197. Бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.
19.10.2021 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега