Заврши дводневниот штрајк на грчките цариници, нормализирано влегувањето во Грција

 


Утрово заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално.

Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно.


Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.

04.04.2024 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега