ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е кума на хаосот на јавниот превоз во Скопје
„Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс.
Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност?“
Наместо да излезе пред советниците со план за набавка на нови автобуси, таа повторно магично исчезна.
Каде се парите од Град Скопје? Каде се ветените решенија? Одговорите остануваат зад затворени врати каде што се носат одлуките“, реагираат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека Арсовска ако воопшто има некаква грижа на совест за граѓаните, треба конечно да покаже вистинска отчетност.
„Доколку таа е подготвена на тоа, тогаш советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се подготвени да го поддржат предлогот за нови автобуси.
Во спротивно ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно, ќе продолжи. Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа