Затвореници умреле од глад во затвор на Хаити, залихите со храна се потрошиле пред два месеци

 

Најмалку осум затвореници умреле од глад во преполниот затвор на Хаити, кој останал без залихи со храна пред два месеци.

Гладот ​​и страшната жештина придонеле за смртта на затворениците во градот Ле Каје, соопштија вчера властите. Во затворот има 833 затвореници, а на сите им е итно потребна помош.

Минатата недела Советот за безбедност на ОН објави извештај во кој се наведува дека во затворите на Хаити, од јануари до април, биле регистрирани повеќе од 50 случаи на смрт од глад. Тие ја повикаа владата на Хаити да преземе соодветни мерки и да најде долгорочно решение за снабдување на затворот со храна, вода и лекови.

Затворот, во кој има многу повеќе затвореници од предвиденото, долго време се мачи да им обезбеди на затворениците вода и храна. Управата на затворот за тоа ја обвини „недоволната финансиска помош од државата“, а во последните месеци ситуацијата дополнително се влоши, што доведе до нови смртни случаи.

Според законот, затворите на Хаити се обврзани на затворениците да им обезбедуваат вода и два оброка дневно, а тие обично добиваат попара или чинија ориз со риба или некој вид месо.

Меѓутоа, во последниве месеци, затворениците морале да се потпрат на семејствата и пријателите за да им донесат храна и вода, но многумина не биле во можност да добијат посети.

24.06.2022 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега