Џафери гласаше и за пратеници и за претседател
Техничкиот премиер Талат Џафери гласаше во родното Форино и на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори, соопшти Владата.
Рече дека граѓаните во мирен и фер изборен ден ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.
„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.
Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа