Арсовска го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, Ванчо Умлевски, објави Скопје1. Причините за разрешувањето засега не се објавени.
Умлевски ја извршуваше функцијата само пет месеци. Оваа одлука е дел од низата смени што ги направи Арсовска за време на својот мандат, при што досега разреши над 30 директори на јавни претпријатија и тројца секретари кои самата ги назначи.
15.11.2024 - 14:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа