Муцунски се заблагодари на амбасадорот Силвестри - разменети мислења и за актуелните прашања поврзани со европското досие на нашата земја
Министерот Муцунски изрази благодарност за целокупниот придонес на амбасадорот Силвестри за развојот на италијанско – македонските односи и соработка за време на неговиот дипломатски мандат во земјава. Притоа, изрази подготвеност за натамошно продолжување на отворениот дијалог и по пристигнувањето на новиот Амбасадор на Италија во нашата земја, имајќи ја предвид засилената динамика на политичкиот дијалог во изминатиот период и честите средби на високо ниво помеѓу двете земји.
На средбата, беа разменети мислења и за актуелните прашања поврзани со европското досие на нашата земја, при што министерот Муцунски уште еднаш се заблагодари за континуираната поддршката на Италијанската Република кон нашите стратешки определби за членство во Европската Унија, нагласувајќи ја нашата цврста посветеност на реформската агенда, со цел отворање нова фаза во европскиот процес и целосно ЕУ членство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа