Битиќи: Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички
"Утрово заедно со мојата сопруга Мирлинда, гласавме и се надевам дека истото право и обврска го оствариле сите." - кажа утрово потпретседателот на СДСМ и ко-носителот и кандидат за пратеник во изборна единица 2 за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи, пред своето гласачко место во Бутел.
Тој додаде дека изборите се една од шансите за зацврстување на демократијата и потсети дека после долги години ова беа првите редовни парламентарни избори во нашата држава.
"Потребна ни е стабилност, предвидливост и функционалност на целиот државен систем. Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички, за развојот на нашата Македонија. И да одиме кон заедничката цел: целосна интеграција во Европската Унија. Да продолжиме да ги негуваме нашите различности и да градиме едно општество за сите." - изјави Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа