Драма во Виница: Со трактор удрил во „бмв“, по што избегал па удрил во бандера

 


Вчера во 19.45 часот во с.Липец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Ѓ.(60) од.с.Липец.

Тој, околу 19.15 часот во селото, управувајќи трактор , тој оштетил патничко возило „бмв“ и го напуштил местото, по што удрил во бандера, а потоа  агресивно се однесувал и упатувал закани на соопственикот на возилото Д.С. и неговиот брат С.С..

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

21.02.2025 - 16:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега