Мисајловски: За многу европски земји ова беше како изненадување, но на маса ставен е предлог за мир во Украина
Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски вечерва во своето гостување во Дневникот 2 на МРТВ истакна дека на маса е предлог за мир во Украина и дека тоа е новата геополитичка слика.
-Она што целиот свет сега може да го види, новата геополитика, или новата реалност, а тоа е на масата се става се става предлог за мир, изјави министерот Мисајловски.
Можеби за многу европски земји ова беше изненадување, но претседателот Трамп ова го најавуваше во изборната кампања.
-Иако, ова за многу европски земји ова можеби беше наеднаш, но се ова беше најавено во кампањата на претседателот Трамп и оваа реалност со нови контури со нови размислувања како да се постигне мир е новата слика и новата геополитика i натака сите треба да размислуваме, истакна Мисајловски во Дневникот на МРТВ.
Она што е најважно се разговара за мир, мислам секој посакува да се најде мир. Бидејќи милиони луѓе се уште умираат на борбените полиња, независно од која страна се и овој хаос мора прекине, рече Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа