На 30 мај 2026 година околу 15:30 часот во СВР Скопје, Д.З. (49) од Скопје пријавил дека во двор од куќа во село Орман, скопско, биле предизвикани оштетувања од заталкано зрно од огнено оружје.

Според пријавата, била оштетена настрешница под која било паркирано патничко возило, а оштетувања се забележани и на самото возило.

Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Exit mobile version