Во сообраќајна незгода што се случила на 30 мај 2026 година во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево–Гостивар, учествувале четири возила.

Според информациите, се судриле товарно возило „Фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ф.К. од село Грешница, товарно возило „Сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.С. од Делисуфај, Република Албанија, патничко возило „БМВ“ со унгарски национални ознаки, управувано од 45-годишната В.К. од Будимпешта, како и патничко возило „Фиат“ со српски национални ознаки, управувано од 32-годишната М.Г. од Ниш.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Фолксваген кеди“, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Exit mobile version