На 30 мај 2026 година во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во психијатриската болница во Демир Хисар е пронајден починат пациент.
Станува збор за И.Г. од село Дедино, радовишко, кој бил сместен како пациент во установата.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител е издадена обдукција на телото на починатиот.


