Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Малолетник падна в рацете на полицијата – го фатија со марихуана
    • Орхан Муртезани: Ја продолжувам јавната служба како амбасадор во НАТО
    • Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции
    • Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше
    • ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Засилени контроли на МВР: 435 казни за брзо возење и 824 за паркирање, седум возачи приведени

    Засилени контроли на МВР: 435 казни за брзо возење и 824 за паркирање, седум возачи приведени

    21.11.2025 во 10:272 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминатите четири дена лишени од слобода седум лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 2415 сообраќајни прекршоци

    Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

    Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле седум лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, а едно лице за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

    Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 824 прекршоци за неправилно паркирање, 270 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 16 санкции за минување на црвено светло, изречени се 175 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 23 санкции за возење под дејство на алкохол.

    Санкционирани се и 115 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 79 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 74 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 25 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за седум возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“

    18.08.2026 во 20:27

    Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира

    18.08.2026 во 20:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.