Зимското сметање на времето ќе започне во недела, на 25 октомври, кога со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, времето од 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Одлуката за утврдување на сметањето на времето, според која летното сметање завршува, а зимското почнува на оваа дата, беше донесена од Владата и објавена во Службен весник.
Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека носењето на оваа одлука е дел од утврдената годишна пракса за регулирање на сметањето на времето, како и во согласност со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.


