Синоќа околу 23:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел со тврд предмет бил нападнат А.Ј.(30) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.
При нападот, 30-годишниот скопјанец се здобил со повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


