Започнаа парламентарните избори во Русија
Владимир Путин, од својот дом, во кој е изолиран, денеска ги повика граѓаните, неколку часа пред почетокот на парламентарните избори, да покажат љубов кон татковината.
„Јас сметам на вашето граѓанско чувство за одговорност, претпазливост и љубов кон татковината и дека се грижите за изборот на претставници кои ќе работат за доброто на нашата сакана Русија“, истакна рускиот претседател во видео пораката објавена на веб -страницата на Кремљ.
Инаку, Путин веќе неколку дена е во самоизолација, поради десетици ковид-позитивни лица, со кои бил во контакт подолго време.
Неговиот портпарол соопшти дека на изборите, претседателот ќе гласа по електронски пат, од својот дом.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа