Close Menu
Press24
    Најново

    Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

    13.05.2026 во 21:08

    Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра

    13.05.2026 во 20:56

    На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

    13.05.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра
    • На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
    • Народниот правобранител минатата година разгледал 2.921 предмет
    • Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите
    • Грозоморен случај во Германија: Педијатар обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница
    • Хаос во Турција: Поплави во Самсун, 12 лица хоспитализирани
    • Руте ја предупреди Алијансата: Русија е главната закана за НАТО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Започна регионалниот форум за управување со отпад: Oсновите се поставени, следува нова фаза во реформите

    Започна регионалниот форум за управување со отпад: Oсновите се поставени, следува нова фаза во реформите

    29.04.2026 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Започна Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, кој се одржува во клучен момент за реформите во управувањето со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

    Форумот го отвори амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, а воведни обраќања имаа Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС и Рајан Нокс, извршен директор на SALAR International. Форумот се одржува во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.

    Форумот доаѓа како продолжение на веќе воспоставените процеси и постигнатите резултати, меѓу кои и формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, како клучен механизам за координација и заедничко одлучување на општините. Воедно, кај тековните локални акциски планови напредокот е веќе видлив – 32% од активностите се целосно реализирани, 45% се во тек, а 23% се во подготовка. Во исто време, зголемената активна улога на општините, зајакнатата институционална координација и поддршката од меѓународните партнери создаваат поволни услови за понатамошно засилување на реформите. Основите се веќе поставени, а фокусот се префрла кон следната фаза.

    Токму во овој контекст, форумот ги обединува клучните чинители за да се дефинираат следните чекори поврзани со стратешките и оперативните аспекти на воспоставување функционален РСУО кој е препознаен како клучен проект кој ќе донесе значајни промени. Во фокус ќе се новиот циклус на регионалното планирање кое ќе се работи паралелно со спроведување на тековните локални акциски планови, понатаму инвестициите во инфраструктурата, институционалната координација, подобрувањето на оперативноста и градењето доверба преку вклучување на јавноста.

    Што се однесува до новиот Регионален план за управување со отпад за двата региони (2027–2032), кој ќе се изработи во наредниот период од страна на општините со поддршка од SALAR International, истиот ќе служи како практична алатка за преточување на стратешките цели во конкретни и временски дефинирани активности. Тој е клучен за понатамошна имплементација на РСУО и ќе овозможи поефикасна координација, подобро користење на ресурсите и постепено воспоставување на модерен систем усогласен со европските стандарди, кој ќе обезбеди поквалитетни услуги и почиста животна средина за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно

    13.05.2026 во 21:08

    На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

    13.05.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.