Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС

    Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС

    24.09.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во почетните градежни активности на првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС.

    Овој значаен инфраструктурен зафат се реализира со средства обезбедени преку Унгарскиот кредит (Проекти фаза 2) од Владата на Република Македонија, а се изведува преку договор со Министерството за транспорт.

    Трасата е со вкупна должина од 1.173 метри. По претходно извршеното сеопфатно чистење на децениските диви депонии кои се создавале по нејзината должина, почетните активности сега опфаќаат широк ископ и одвоз на земјен материјал. По ова, ќе следи вградување на дробен камен за целосна стабилизација на долниот и горниот строј на улицата пред нејзиното асфалтирање.

    Проектот опфаќа изградба на коловоз со ширина од 5 метри, како и тротоари од двете страни на улицата со широчина од по 1,5 метри. Коловозот ќе биде зајакнат со два слоја асфалт. Вкупно, со овој проект ќе се вградат приближно 6.000 квадратни метри нова асфалтна површина и ќе се поплочат тротоари од 3.000 квадратни метри, со што трајно ќе се обезбеди квалитетно и функционално решение за сите учесници во сообраќајот.

    • Денеска ги означуваме почетните активности од првата фаза на реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС. Ова е уште едно ветување кое го преточуваме во реалност, бидејќи нашите граѓани заслужуваат модерна, сигурна и инфраструктурно уредена општина. На оваа траса од 1.173 метри, го обновуваме коловозот кој ќе биде со ширина од 5 метри и градиме нови пешачки патеки од по 1,5 метри од двете страни. Со ова трајно обезбедуваме едно квалитетно и функционално решение за сите учесници во сообраќајот. Зад ваквите силни инвестициски циклуси стои одличната синергија со централната власт, и затоа упатувам искрена благодарност до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, кои препознаа дека вложувањето во локалната инфраструктура е вистинско вложување во секојдневието и иднината на нашите жители – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23

    Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад

    06.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.