Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 581.900 денари. Сторителот се обидел да го внесе накитот без да го пријави, со што би избегнал плаќање на увозни давачки во износ од 207.738 денари.
Од Царинската управа информираат дека накитот е веднаш запленет. По документирање на случајот, Одделението за истраги поднесе кривична пријава против лицето за кривично дело „криумчарење“, согласно одредбите од Кривичниот законик.

