Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава. Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија.
Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици.
Со оваа активност, АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство.
- Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
- Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
- Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
- Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
- Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
- Куманово: Цели девет месеци силувал дете
- Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
- Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика

