Занаетчиска комора Скопје: Недела – неработен ден неповолно за одредени занаетчиски дејности

Од Занаетчиска комора Скопје сметат дека во услови на пандемија и економска криза воведувањето на законско решение за недела како неработен ден воопшто не е поволно за одредени занаетчиски дејности, како и дека нема да можат да го издржат финансискиот товар.

Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје, истакнува дека пристигнуваат реакции од занаетчиите дека доколку се реализира најавата за зголемување на минималната плата во 2022 година, ќе се зголеми и износот на додаток за плата во недела и тие едноставно нема да можат да го издржат финансискиот товар и ќе мора да отпуштат дел од вработените во занаетчиските бизниси.

– Со измените и дополнувањата на Законот за работни односи (Сл. Весник бр.288/21) од 01 јануари 2022 година се воведе недела како неработен ден за работниците во целиот занаетчиски сектор. Во недела ќе можат да работат работниците во пекарите, слаткарниците, печатниците и фотографите, сите останати се исклучени од можноста да работат во недела. Работодавачите од листата на дејности на кои што им е дозволено да работат во недела согласно измените на Законот за работни односи, на работниците треба да исплатат додаток на плата за работа во недела кој што изнесува 50 отсто за секој час поминат на работа. Работното време на Носителите на занаетчиските бизниси –занаетчиите се уредува согласно чл.6 од Законот за занаетчиство каде што стои дека Советот на општината го определува работното време на занаетчиските дејности во зависност од месните потреби и обичаи и немаат обврска го пријавуваат работното време во Централниот регистар, рече Атанасовска.

– Занаетчиите како самостојни вршители на дејност согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување плаќаат придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонес за задолжително здравствено осигурување и дополнителен придонес за задолжително осигурување во случај на повреда и професионално заболување, а не се обврзани да исплаќаат плата за себе како самовработено лице, ниту да исплаќаат регрес за годишен одмор за себе, што значи дека не се третираат како работници согласно ЗРО, посочуваат од Занаетчиска комора Скопје.

30.12.2021 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега