Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во работна посета на граничните премини Табановце и Белановце

    Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во работна посета на граничните премини Табановце и Белановце

    03.07.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на граничните премини Табановце и Белановце, со цел непосреден увид во функционирањето на граничните служби, тековните состојби и оперативните активности што се реализираат во рамки на граничното управување.

    На работните средби присуствуваше и началникот на Регионалниот центар за гранични работи „Север“, Дугаџин Каштањева, при што беа разгледани актуелните состојби на двата гранични премини, нивото на подготвеност и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници во секојдневното работење.

    За време на посетата на ГП Табановце, посебен акцент беше ставен на функционирањето на системот „One Stop“, како современ модел на гранична контрола кој овозможува побрз и поефикасен проток на патници и возила. Беше констатирано дека имплементацијата на овој систем придонесува за подобрена ефикасност на работните процеси, пократко време на чекање и поуспешна координација меѓу надлежните служби.

    Воедно, на средбите беше разговарано и за идните активности поврзани со понатамошната модернизација и унапредување на граничното управување, вклучително и можностите за имплементација на современи системи и решенија на останатите гранични премини.

    Заменик министерот Исени ја истакна определбата на Министерството за внатрешни работи за континуирано инвестирање во унапредување на капацитетите на граничната полиција, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност, ефикасност и поквалитетни услуги за граѓаните и сите учесници во граничниот сообраќај.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.