Close Menu
Press24
    Најново

    Израел тврди дека го убил командантот на Хамас задолжен за обука на борци во Триполи

    05.03.2026 во 17:42

    Вечерва ќе слета првата тура евакуирани Македонци од критичниот регион

    05.03.2026 во 17:23

    Хаос во воздушниот сообраќај: Летовите над Азербејџан пренасочени поради дронови од Иран

    05.03.2026 во 17:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Израел тврди дека го убил командантот на Хамас задолжен за обука на борци во Триполи
    • Вечерва ќе слета првата тура евакуирани Македонци од критичниот регион
    • Хаос во воздушниот сообраќај: Летовите над Азербејџан пренасочени поради дронови од Иран
    • СДСМ: Мицкоски по секоја цена го брани Тошковски, дури ги обвинува и жртвите на семејно насилство
    • Нови детали за трагедијата во „Пулс“: Обвинителството ќе повика сведок кој живее во Германија
    • Француските бази на Блискиот Исток отворени за американските авиони: Париз го засилува присуството во регионот
    • Сиљановска-Давкова повика на итни реформи за родова еднаквост
    • Приведени двајца насилници во Штип и виничко: Едниот ја претепал сопругата, по што завршила во болница, другиот се заканувал на партнерката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците

    Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците

    20.11.2025 во 17:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Законот за Судски совет, кој е дел од сетот реформи во правосудниот систем, поминал на Влада.  Сега Муртезани има задача да го испрати во Брисел, за Европската Комисија да напише евентуални забелешки. Кога истиот ќе се врати дома, следува процес на имплементација на забелешките, пред официјално да биде испратен во Собрание, за да добие амин од пратениците.

    „Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на владата е донесен законот. Очекуваме во брз период откако ќе биде пратен во ЕК, да биде доставен до нас заедно со одредени евентуални забелешки, кои повторно ќе бидат надоградени законските решенија со истите и веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура“, изјави Ален Деберан, заменик министер за правда.

    Првично овој закон требаше да биде донесен до јуни, но добивме грејс период до јуни 2026-та година. Иако се подготвува нов, актуелниот мора да се почитува. Па, почитувајки го актуелниот, денеска Собранието распиша оглас за нов член на Судски совет, бидејќи за кратко истекува мандатот на Селим Адеми.

    „Во моментов, сите органи и институции се должни да ги почитуваат важечките закони, без разлика во која фаза на донесување се оние од дел од пакетот од реформаската агенда. Меѓутоа не облигаторно, очекувам да ги имаат критериумите кои се во новото законско решение, а кои се дел од препораките на Оценската мисија“, дополни заменик-министерот за правда.

    Од Правда велат дека работат и на другите закони  кои се дел од пакетот реформи во правосдуството. Меѓу нив и измената на Кривичниот законик.

    Во меѓувреме, премиерот уште еднаш повтори дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството бидејќи Македонија како држава одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75% од земји -членки на ЕУ.

    Јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или се вкупно 0,35 проценти од нашиот БДП. Ќе повторам има претседатели на судови кои што имаат месечни примања од околу 180.000 денари, отприлика 3.000 евра месечно. Јас како премиер мојата плата заедно со стажот со годините кои што ги имам од претходно е 155.000 денари, значи од прилика 2.500 евра. Не мора да е многу подолу, иста нека биде на претседател на суд, изјави премиерот Мицкоски. 

    Дополни дека нема да се мешаат во плановите за вработување и унапредување, но како Влада се одговорни за трошењето на секој денар народни пари

    Популарно

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.