Дека законот е ист за сите, докажа еден сообраќаен полицаец во Славонија кој не се двоумел да го запре и казни својот претпоставен. Иако возел службено полициско возило „Форд“, 60-годишниот началник бил пресретнат бидејќи не носел сигурносен појас, а дополнително кај себе ја немал ниту возачката дозвола.
Началникот на суд се обидел да се извлече со приказната дека појасот го извадил дури откако запрел, но неговиот колега останал доследен на својот записник. Дури и при соочувањето „очи во очи“ во судницата, помладиот полицаец не отстапил од тврдењето дека началникот направил прекршок. Епилогот? Казна од 160 евра за искусниот полицаец со „дебела“ плата.


