Close Menu
    Најново

    Масовен напад врз Русија: Има повредени, избувна пожар во рафинерија

    26.09.2025 во 17:11

    Хрватскиот парламент гласаше против признавањето на Палестина

    26.09.2025 во 17:06

    Николоски на средба со Памер – разговарано за проектот за брза пруга на Коридот 10

    26.09.2025 во 17:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Масовен напад врз Русија: Има повредени, избувна пожар во рафинерија
    • Хрватскиот парламент гласаше против признавањето на Палестина
    • Николоски на средба со Памер – разговарано за проектот за брза пруга на Коридот 10
    • Енергетска ефикасност во пракса – „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училишта со систем за следење на потрошувачката на енергија
    • Со електричен тротинет прегазил пешак и избегал, жената со тешки повреди пренесена во болница
    • Започнале со расправија, завршиле со тепачка: Двајца скопјани се истепале со тврди предмети рано наутро
    • Мицкоски: Нема црвени линии во предлогот на Филипче
    • Кумановец со мопед прегазил малолетничка, повредени три лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Заклучен Избирачкиот список: 1.832.415 гласачи во Македонија ќе гласаат на локалните избори на 19 октомври

    Заклучен Избирачкиот список: 1.832.415 гласачи во Македонија ќе гласаат на локалните избори на 19 октомври

    26.09.2025 во 13:34
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Република Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на ДИК.

    Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

    – Во посебниот извод на Избирачкиот список, за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани влкупно 112.000 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани вкупно 2.162 избирачи. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои се наоѓаат во установи за вонсемејно згрижување а кои поднеле пријава за гласање, по принцип на активна регистрација во установата во која се згрижени се запишани вкупно 450 избирачи, соопшти Кондарко.

    На седницата едногласно беше донесена одлуката за заклучување на Избирачкиот список за спроведување на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година.

    – Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список за спроведување на изборите за советите на општините и Советот на Град Скопје, како и за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Граѓаните се потпишуваат во еден Избирачки список и гласаат на локалните избори. Значи еден е избирачкиот список на гласачките места за локалните избори, рече Кондарко.

    Како што беше појаснето од членот на ДИК, Ангелчо Ристов, во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи. Гласањето за нив, рече, ќе биде спроведено на најблиското избирачко место.

    – Во предлог упатството таксативно се наведени сите општински Изборни комисии и сите избирачки места во кои што се запишани помалку од десет гласачи, каде што нема да се спроведува гласање на тоа избирачко место, туку на наведените избирачки места гласањето ќе го спроведе најблискиот одбор од најблиското избирачко место на наведеното избирачко место. Општинските изборни комисии нема да испраќаат избирачки одбори и истите гласачи ќе го остварат правото на глас во најблиското избирачко место со запишани над десет гласачи, рече Ристов.

    Ги задолжи општинските Изборни комисии во координација со подрачните одделенија и регионални канцеларии на ДИК да преземат дејствија за известување на гласачите на оние избирачки места каде што се запишани помалку од десет гласачи.

    На седницата, исто така, беше посочено дека досега до ДИК биле поднесени четири барања за набљудување на изборите и тоа од Центарот за развој, реформи и обуки за изборни системи – Грузија, од Амбасадата на Република Словачка во земјава, Централната изборна комисија на Украина и Здружението Институт за истражвуање и аналитика на политика Ромалитико – Скопје.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Зимското сметање на времето започнува порано

    26.09.2025 во 09:01

    Паднаа 11 полицајци – МВР утврди пропусти во Велес во постапувањето по пријавите на Росица Коцева

    26.09.2025 во 13:14

    Добри вести за пензионерите: Пензиите се зголемуваат

    26.09.2025 во 13:53

    ЕВН најави исклучувања – повеќе општини ќе останат без струја

    26.09.2025 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.