Close Menu
Press24
    Најново

    Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

    13.11.2026 во 19:02

    Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на товарно возило

    13.11.2026 во 18:52

    Мајкрософт: Охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа

    13.11.2026 во 18:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
    • Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на товарно возило
    • Мајкрософт: Охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа
    • Германија ќе се вклучи во мировните преговори за Украина
    • Американскиот министер за финансии: Нема да ме исплашат заканите со смрт од Иран
    • Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
    • Гаши: Нема проблем кој не може да се реши преку отворен дијалог и координација
    • Вучиќ со остри критики за Студентската листа: Мислат дека ќе диктираат кој ќе ги води комитетите, програмата им е од ChatGPT
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

    Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

    13.11.2026 во 19:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

    Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

    „Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

    Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

    „Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

    Прочитај повеќе

    Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на товарно возило

    13.11.2026 во 18:52

    Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа

    13.11.2026 во 17:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.