Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Загрижувачки податоци на УНИЦЕФ: Секој петти тинејџер е жртва на сексуално вознемирување на интернет

    Загрижувачки податоци на УНИЦЕФ: Секој петти тинејџер е жртва на сексуално вознемирување на интернет

    03.09.2026 во 11:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секој петти адолесцент на возраст од 12 до 17 години во изминатите 12 месеци бил изложен на сексуално вознемирување или друг облик на злоупотреба на интернет, покажуваат најновите податоци од глобалното истражување на УНИЦЕФ.

    Истражувањето, во кое биле опфатени 21.000 млади корисници од 21 држава — вклучително и од Македонија, Србија и Црна Гора — го разбива митот дека анонимните профили се најголемата закана.

    Податоците откриваат дека во дури 57 отсто од случаите сторителот му бил претходно познат на детето (пријател, роднина или партнер). Само 16 отсто од нападите потекнувале од целосно непознати лица, додека во 27 отсто од случаите идентитетот останал неутврден.

    Социјалните мрежи како „Фејсбук“, „Инстаграм“, „ТикТок“, „Снепчет“, „Ватсап“ и „Јутјуб“ се местото каде што се случуваат 60 отсто од сите регистрирани случаи, додека 14 отсто од злоупотребите се забележани преку онлајн видеоигрите.

    Од УНИЦЕФ предупредуваат дека загрижувачки голем број од жртвите — дури 41 отсто — никогаш никому не го пријавиле инцидентот. Оние што побарале помош, главно се обратиле кај пријатели, блиски роднини или кај мајките.

    За заштита на малолетниците, организацијата апелира до владите и технолошките гиганти за подобрување на приватните поставки, зајакнување на законите и воведување строги механизми за пријавување. Дел од државите веќе преземаат чекори, како Австралија која воведе старосна граница од 16 години за користење социјални мрежи.

    Прочитај повеќе

    Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи

    11.09.2026 во 12:24

    Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд

    11.09.2026 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.