Заев од Брисел: Ние сме народ со гордост - никој не смее да си игра со македонскиот индентитет

 

Тргнете ги јазикот и идентитетот од преговарачката маса во Брисел. Ваква порака испрати премиерот Заев на средина од својата евро агенда која опфаќа неколкудневни посети на Брисел и други европски градови.
„Порачавме јасно и гласно и повторивме. Тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и идентитет од масата за разговори во Брисел . После тоа може да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина. Ние имаме и гордост и сопствен идентитет. Гордоста можеме да ја засилуваме и да ја смируваме но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Со македонскиот идентитет не смее да си игра ниту мојата влада ниту било која влада а уште помалку друга држава или унија во која се уште не сме членки“ – вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега