Заев и Петков разговараа на телефон: Ја забрзуваме комуникацијата и соработката – ќе продолжиме да работиме за наоѓање решение за спорот

 
 
Премиерот во оставка Зоран Заев, денеска преку телефонски разговор на новиот премиер на Република Бугарија, Кирил Петков, му го честиташе изборот за претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија, при што му посака успешен мандат и остварување на утврдените приоритети на новата Влада.
 
„Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани", напиша Заев на својот фејсбук профил.
 
Тој додаде дека постои согласност за изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.
 
14.12.2021 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега